За нас
Групацијата GEN-I од доминантното друштво GEN-I, trgovanje in prodaja električne energije, d.o.o. преку многубројните друштва-ќерки и претставништвата со Средна и Југоисточна Европа. Организираноста на групацијата GEN-I го отсликува деловниот модел „тргување-продажба“ и на групацијата ѝ овозможува ефикасно совладување ризици и постојан раст на работењето.
Главните дејности на групацијата се: меѓународна трговија со електрична енергија, како на многубројните берзи и организирани платформи со електрична енергија така и преку различни облици на билатерална трговија, продажба на крајните купувачи на електричната енергија и со нив смисловно поврзаниот откуп на електричната енергија од производителите.
Стратегијата на групацијата GEN-I се темели на ефикасното искористување на можноста за совладување на глобалното портфолио и воедно на навремени и соодветни реакции на разновидните промени на сите поединечни електроенергетски пазари на кои дејствува групацијата.
Д-р Роберт Голоб, претседател на управата на GEN-I: "GEN-I e меѓународна група во најплеменитото значење на зборот. На едната страна го здружуваме знаењето за глобалните пазари за електрична енергија, а на друга страна можеме да се пофалиме со многу добро познавање на локалните пазари. Кога тие две работи ќе се измешаат во правилен однос, се добива приказна за успехот. Постојат три клучни фактори за успех: на прво место тоа е високомотивиран и оспособен тим, на друго исклучително силна информациска поддршка и на крајот уникатен деловен модел за совладување ризици. Денес, токму совладувањето на ризиците е она со што на пазарот можете да се разликувате од конкуренцијата и, секако, да успеете."

